Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

Од:

По одлуката на Владата дека возачките и сообраќајните дозволи ќе бидат бесплатни, се бара решение за оние граѓани кои веќе ги имаат извадено овие документи за кои имаат платено. Од Владата велат дека работна група треба да изнајде соодветно решение за ова.

„По ова прашање работната група треба да изнајде соодветно решение и да ја информира Владата на некоја од наредните седници каде треба да се донесе заклучок“, велат од Владата.

Со свој став околу ова прашање денеска излегоа и Народниот правобранител и Комисијата за заштита од дискриминација.

Според Народниот правобранител, ваквата одлука е дискриминирачка, додека од Комисијата за заштита од дискриминација оценија дека нема дискриминација, туку нееднаков третман на граѓаните.

Народниот правобранител смета дека оваа одлука е директна дискриминација и ставање во нерамноправна положба на граѓаните кои веќе ги извадиле овие документи и за кои платиле. Според Народниот правобранител, Владата под итно треба да најде начин како да им ги рефундира средствата на граѓаните.

„Мој став е дека Владата и сите надлежни органи треба да седнат и убаво да размислат кои се најдобрите решенија за излез од ситуацијата во која западнавме и да донесат одлуки во полза на граѓаните, а не на нивна штета. Владата под итно треба да најде начин како да им ги рефундира средствата на граѓаните. Тука не треба да има никој дилема дека ова мора да се стори во најкраток можен рок, затоа што државата ризикува тужби за дискриминација“, велат од кај Народниот правобранител.

Од Комисијата за заштита од дискриминација повикуваат институциите да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман на сите граѓани во постапките на промена на важечките документи со новото име на државата.

„Во овој случај, не се работи за дискриминаторска основа, постои нееднаков третман, но не и дискриминација. Институциите треба да преземат мерки за обезбедување на еднаков третман на сите граѓани во постапките на промена на важечки документи со новото име на државата“, стои во соопштението од КСЗД.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера во одговор на новинарско прашање, во однос на тоа дали ќе им бидат рефундирани средства на граѓаните кои на време извадиле документи, рече дека ова е прашање кое ќе се разговара на владина седница.

„Ако сакате моето лично мислење, сметам дека е дискриминација за оние кои биле совесни да постапат според законските измени и тоа што се барало од нив. Поднеле на време барање за патни исправи, возачки и сообраќајни дозволи и сметам дека треба соодветно да се постапи, за да се изнајде начин како да им се оддолжиме, затоа што биле совесни граѓани на нашата држава“, рече Битиќи.

Би можело да ве интересира

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Седуммина од осомничените за фалсификување возачки се во бегство, ОЈО бара притвор за тројца уапсени

А1он

Кривична пријава против 27 лица – незаконско внесуваa категории во возачки дозволи

А1он

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он