Комесарот Хан како пишман аџија – во 24 часа со две спротивни изјави

Од:

Во последното соопштение еврокомесарот Јоханес Хан ја поддржа одлуката на владејачката ВМРО –ДПМНЕ и коалиционите партнери да има избори на 24 април, 2016 година.

“Ја слушнав одлуката донесена денес за предвремени избори на 24 април како што е договорено во Пржино. Како што реков, повеќе би сакал консензуална одлука на сите партии. Сега е од круцијална важност сите политички и институционални актери во земјата да сторат се што можат за да се обезбедат фер избори според демократски стандарди. За да се направи ова, итно е да забрза подготвителната работа особено околу изборниот список.
И покрај неуспехот да се најде заеднички договор за денот на изборите, очекувам сите политички партии конструктивно да соработуваат и да се држат до нивните ветувања во рамките на договорот од јуни и јули вклучително и реформските приоритети”, вели Хан во своето последно сооопштение за најновите политички настани во Македонија.

Но, само пред 24 часа, Хан изјави дека партиите треба да договорат нов датум за избори.

Вчера, Алсат М пренесе изјава од кабинетот на Хан во која се вели дека сега е одговорност на партиските лидери да излезат со нов датум за изборите.

„Бидејќи не сите политички лидери претходно потврдија датум за одржување на изборите, комесарот даде јасно до знаење дека сега е веќе нивна одговорност да постигнат согласност и да излезат со нов датум за изборите. Комесарот Хан побара од сите лидери да го потврдат нивниот ангажман и да продолжат со исполнување на спроведувањето на политичкиот договор од јуни/јули, како и приоритетните реформи. Политичките лидери го потврдија тоа. Ова го сочинува и најважното прашање за комесарот: Постигнување напредок за суштината и содржината на договорот”, се вели во реакцијата.
.
На социјалните мрежи, можа да се прочитаат голем број критики за Хан:

„Бомбите, Прибе, реформските приоритети и извештајот на ЕК велат дека земјата е во тежок хаос. А Хан брои колку набљудувачи ќе праќал.“

„Хан ќе обезбедел поддршка. Од кого бе Јоханес ? Од Пустец ?“

„Во исчекување сме во текот на денешниот ден Груевски на Хан да му даде државјанство и мак. пасош.“

„Нека му каже некој на Хан дека потешко ни е да прифатиме уште едни избори организирани од УМРО и нека му посака среќен лет“

„Друже Хан па ти си смешка.“

А.Б.

Би можело да ве интересира

Хан: Горд сум што придонесов за успехот на Преспанскиот договор

А1он

Средби на Димитров со Хан, Дендиас и Бартоло, во фокусот на разговорите нашата европска иднина

Драган Поповски

Хан: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Мицкоски се сретна со Хан

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев: Очекувам до крајот на август да биде донесен законот за Јавно обвинителство

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Хан: Уверен сум дека земјава во октомври ќе добие зелено светло

Габриела Димковиќ-Мишевска