А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Комерцијална банка донираше 6.150.000 денари и заштитни маски за Министерството за здравство

by А1он31/03/2020 - 13:40234
Share0

Комерцијална банка АД Скопје обезбеди парична донација во износ од 6.150.000 денари и дополнителна заштитна опрема (34.250 медицински заштитни маски за лице) во вредност од 1.200.000 денари за потребите на Министерството за здравство, со цел да им помогне на здравствените работници во справување кризата предизвикана од коронавирусот.

Добивај вести на вибер

Од Банката информираат дека паричните средства се префрлени на посебна наменска сметка на Министерството за здравство на Република Северна Македонија, а се наменети за справување со заканата по јавното здравје произлезена од епидемијата со коронавирусот Ковид-19. Доставени се и медицинските маски за заштита на здравјето на здравствените работници, кои во борбата за зачувување на јавното здравје се најизложени на ризикот од коронавирусот.

-Борбата со коронавирусот е наша заедничка обврска и предизвик против кој ќе треба да се спротивставиме со сите сили и капацитети. Затоа Комерцијална банка, како докажана општествено одговорна компанија, од самиот почеток на актуелната криза презема соодветни мерки и активности, пред се, за заштита на здравјето на клиентите и на вработените, а и за несебична поддршка на здравствените институции кои ја водат најтешката борба. Само со лична и корпоративна одговорност на ниво на цела држава ќе успееме да се справиме со заканата што ја наметна Коронавирусот, наведуваат во соопштението.

donacija

Би можело да ве интересира

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on17/05/2023 - 11:49

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска28/12/2022 - 19:1728/12/2022 - 21:24

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

Горан Наумовски01/09/2022 - 11:21

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски19/10/2021 - 11:5420/10/2021 - 08:32

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он26/08/2021 - 15:01

Невладина организација донира храна, облека и сапун во тетовскиот воспитно-поправен дом

Жарко Настоски15/07/2021 - 16:5016/07/2021 - 01:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен