Кирацовски: Моите роднини се повлекуваат од функциите иако нема непотизам

Од:

Пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски, вели дека ќе ги повлече сите свои роднини од работните места во државните компании. Ова следува откако Државната комисија за спречување на корупцијата објави дека тој е на врвот на листата по случаи на непотизам. Кирацовски бара ДКСК да поведе постапка и за, како што вели, многубројни партиски вработувања на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас бев првиот што јавно негодуваше уште на првите реакции од јавноста. Таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, веднаш го повлече својот ангажман како алатничар преку Агенцијата за привремени вработувања. Во оваа насока сакам да ја известам јавноста дека побарав повлекувањe на моите роднини од работните места за кои ДКСК наоѓа некакви индиции иако немам право на тоа затоа што никако не сум влијаел за нивните вработувања. Од работното место, кое нема никаква поврзаност со непотизам, се повлекуваат и мојата сестра Мирјана Јосифовска и мајката на мојата сопруга. По нивна волја како нивна лична одлука. Привилегии, партизација и непотизам не се вредности на СДСМ, не се, ниту ќе бидат мои вредности. Очекувам Државната комисија за спречување на корупцијата да поведе постапка и за многуте партиски вработувања на ВМРО-ДПМНЕ и за непотизмот што го раширија до невидени размери“, пишува Кирацовски.

Според пратеникот на СДСМ, доколку не се поведе постапка за вработувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тоа би било дискриминација на граѓаните. Тој не го сподели мислењето за одлуките на ДКСК оти според него тоа не е важно.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Конкурси за вработување во здравство по избори, дотогаш продолжен договор на дело

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ