Кинеска донација од 2.000 заштитни маски

Од:

Заменик-министерот за надворени работи Андреј Жерновски денеска се сретна со амбасадорот на Кина во земјава, Џанг Ѕуо, кој од името на Амбасадата предаде нова помош наменета за превенција од Ковид-19 која се состои од 2.000 трислојни заштитни маски.

– Ние, како Влада и како држава, правиме се’ за да го заштитиме колективното здравје. Животот се промени радикално, целиот свет живее во нова реалност. Заканата со која се соочуваме ни покажува колку сме ранливи и колку многу сме зависни од однесувањето на едни кон други. Нo, со самото тоа, сосема е јасно дека и одговорот на оваа закана е да останеме заедно во битката против оваа опасност. Затоа, и’ благодарам на Народна Република Кина за секој гест на поддршка која ја добиваме уште од почетокот на оваа криза, изјави Жерновски на средбата.

Од Министерството за здравство соопштија дека соговорниците размениле мислења за актуелните состојби во двете земји и во поширок контекст во однос на пандемијата и високо ја оценија досегашната меѓусебна соработка на овој план.

– Договорено е продолжување на контактите и на активностите на билатерелна основа, а потенцирана е и неопходноста од засилување на меѓународната соработка и солидарноста во насока на целосно сузбивање на оваа закана со која се соочува светот, посочија од МНР.

Народна Република Кина веќе испорача поголема количина на заштитна опрема и други медицински материјали против Ковид-19, а за истатата намена од фондот на Амбасадата на Народна Република Кина беше издвоена и директна финансиска помош за Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он