Кичеец си оди на викенди и користи годишен одмор, иако претходно му беа скратени привилегиите поради сообраќајката

Од:

Двапати осудениот Зоран Милески-Кичеец продолжил да ги користи привилегиите во затворот од отворен тип во Струга. Според извори на „А1он“ тој оди на слободни викенди по речиси 15 дена во месецот. Ова доаѓа откако претходно, му беа ускратени сосе правото да работи додека ја одлежува казната. Директорот на затворот во Струга потврдува дека Милески-Кичеец оди на викенди. Според него, тој има право 15-16 дена во месецот да биде на слобода. Тоа значи дека 15 дена во месецот, тој ги поминува во затворот во Струга.

Засега, Милески-Кичеец не ја користи привилегијата да работи и само ноќите да ги поминува во затвор, како што беше претходно. Директорот на струшкиот затвор вели дека осудениот има уште неискористени и денови од стариот годишен одмор кој може да ги добие, ако побара и му биде одобрено. Дополнително, може да го користи и новиот одмор од 20 дена.

Инаку Милески-Кичеец и натаму ја одлежува тригодишната затворска казна која му беше изречена за случајот „Рекет“. Нему му се досудени и нови шест месеци затворска казна за сообраќајката во која едно лице го загуби животот, а се случи пред неколку месеци во близина на Стража. Тој се спогоди со гостиварското Обвинителство, но наместо бараната условна, доби затворска казна.

Би можело да ве интересира

Обвинителот кој се спогоди со Кичеец нема да биде избран кај Русковска, Трајчева останува во тимот

Кристијан Ландов

Камчев се откажа од барањето Милески-Кичеец да му ги врати милионите од торбата “Луј Витон”

Кристијан Ландов

Кичеец останува во затвор до крајот на казната за Рекет одлучи Кривичниот суд

Катерина Ѓуровски

Кичеец се спогоди и доби шест месеци затвор за сообраќајката во која загина едно лице

Кичеец преместен од отвореното, во полуотвореното одделение на затворот во Струга

А1он

Крвичниот совет на Основниот суд Гостивар го укинал притворот на Зоран Милески – Кичеец

Катерина Ѓуровски