Кичеец се спогоди и доби шест месеци затвор за сообраќајката во која загина едно лице

Од:

Шест месеци затвор доби Зоран Милески-Кичеец за сообраќајката која ја предизвика во близина на Стража, а загина едно лице, дознава „А1он“. Оваа казна му е изречена врз основа на спогодба која ја склучи со Обвинителството, а ја прифати надлежниот суд. Од Обвинителството за „А1он“ велат дека е констатирано дека тој претекнувал возила на полна летна, за што признал вина и изразил жалење за кривичното дело. Токму ова е олеснителната околност поради која е склучена и спогодба.

dobivaj vesti na viber

„Од резултатите на извршените вештачења произлезе дека осомничениот во критичниот момент немал траги од алкохол или опијати во крв и урина и не ја пречекорил дозволената брзина на патот. Имајќи ги предвид сите утврдени околности, надлежниот јавен обвинител констатираше дека осомничениот го сторил делото од небрежност и дека во конкретниот случај се исполнети елементите на кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Претходно, Милески-Кичеец барал и условна казна преку спогодба, која не му била прифатена.

„Надлежниот јавен обвинител го одби ваквиот предлог, па имајќи ги предвид сите околности во предметот и судската пракса на Основниот суд Гостивар“, додаваат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Кичеец си оди на викенди и користи годишен одмор, иако претходно му беа скратени привилегиите поради сообраќајката

Ландов

Кичеец преместен од отвореното, во полуотвореното одделение на затворот во Струга

А1он

Кичеец доби 30-дневен притвор

А1он

Кичеец осомничен дека ја предизвикал сообраќајката на „Стража“ – претекнувал на полна лента

А1он

Зоран Милески – Кичеец бил на 30-дневно отсуство поради неодложни лекарски прегледи

Ана Ололовска

Зоран Милески – Кичеец влезе во затворот во Струга

Ана Ололовска