Обвинителот кој се спогоди со Кичеец нема да биде избран кај Русковска, Трајчева останува во тимот

Од:

Извесно е дека гостиварскиот обвинител Арсим Адеми ќе извиси на утрешниот избор за обвинители кои ќе гонат организиран криминал и корупција, дознава „А1он“. Спогодбата со Зоран Милески-Кичеец за да добие шест месечна казна затвор поради сообраќајката со еден загинат, предметот во Антикорупциската комисија, но и неговата стручност – се дел од причините кои ги поматија сметките да биде дел од тимот на Вилма Русковска. Истовремено, обвинителката која доби најдобра оценка од шефицата, Ивана Трајчева, се поизвесно е дека ќе остане дел од нејзиниот тим, иако постоеше голема можност да отпадне нејзиниот избор и да се врати во скопското обвинителство.

Советот на јавни обвинители утре ќе пресече кој ќе гони организиран криминал и корупција. Се шпекулираше дека скопското крило на ДУИ бара да биде избран Адеми, за да има и гласање по Бадентер во судницата, неопходно за избор на новите обвинители. Но откако Антикорупциската комисија и јавно обзнани дека има три постапки против овој обвинител – извесно е дека тој ќе остане во гостиварското обвинителство. Адеми има и казна, глоба од двесте евра бидејќи не соработувал со антикорупционерите кога тие гонеле стечаен управник против кого имало кривична пријава. Истовремено, значајна улога во одлуката кај мнозинството во Советот има и спогодбата на Адеми со Милевски-Кичеец за казната од шест месечен затвор која јавноста ја оцени како ниска.

На почетокот од месецов, „А1он“ ја праша Вилма Русковска, дали ваков обвинител може да гони организиран криминал, а таа рече: „Според законот, Советот е тој што одлучува кој ќе биде избран, а кој не. Јас немам надлежност. Сега туѓи одлуки не можам да коментирам. Човекот не го познавам, не можам да кажам ниту кои биле причините за тоа“.

Обвинителка за гонење на организиран криминал ќе остане Ивана Трајчева. За неа постоеа шпекулации дека ќе се врати во скопското обвинителство, бидејќи Советот на јавни обвинители нема да ја избере. За причина, неофицијално се наведуваше подигнувањето на обвинение против ексгенералниот секретар Драги Рашковски. Русковска, за ова рече: „Се надевам нема да трпи последици“. Трајчева водеше повеќе случаи кои предизвикаа јавен интерес како набавката на софтверот во ДИК, „Шпански скали“, „Меѓународен сојуз“.

Изборот на обвинители за во обвинителството со кое раководи Русковска, треба да се одржи утре. Претходната седница беше одложена бидејќи немаше кворум за работа.

Би можело да ве интересира

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Русковска: Случајот со убиствата на Вања и Панче не смее да добие политичка конотација

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска која беше инструмент на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, сега има можност да ги признае сите злодела

(ВИДЕО) Русковска пред еден месец кажа дека има информации за нејзиното разрешување

Александар Тодески

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

(ВИДЕО) Русковска: Тие што ми вршеа притисок се истите што ми нудеа повисока позиција за да прекинам истрага

Александар Тодески