Сиљановска не сака да коментира за „квалификацијата шпионска афера“, збунета е од одговорите на Обвинителството за организиран криминал

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во врска со пишувањата во медиумите за наводна „шпионска афера“ во нејзиниот Кабинет, кажа дека треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривична постапка и во поглед на презумпцијата на невиност, но и во поглед на собирање податоци и евентуално отворање кривична постапка.

– Прво, квалификацијата шпионска афера и слично не сакам да ја коментирам. Второ, кога зборуваме за предистражна постапка, јас нема да ги заборавам зборовите на мојот професор Никола Матовски, професор по кривична постапка. Тој велеше дека во предистражна постапка малку се зборува, многу се работи, односно се собираат информации, нагласи претседателката.

Сиљановска Давкова истакна дека никогаш не ги толкува постапките на другите органи.

– Јас почитувам поделба на власта, но не можам да не кажам дека малку сум збунета со одговорите на новинарските прашања или со објавите кои доаѓаат токму од Обвинителството за организиран криминал, во кои што се објаснува нивната комуникација со Министерството за внатрешни работи. Не, не бегам од изјави. Меѓутоа, мислам дека треба да се почитуваат одредбите од Законот за кривична постапка и во поглед на презумпцијата на невиност, но како што реков и во поглед на собирање податоци и евентуално отворање на кривична постапка, заклучи претседателката.

ОЈО ГОКК вчера потврди дека отворило истрага поради сомнежи за шпионажа во Кабинетот на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова. Во соопштението оттаму беше наведено дека по добиено известување на 18.12.2025 година од МВР – Сектор за компјутерски криминал, кое се однесува на настан од 24.11.2025 година и постоење индиции за преземени недозволени активности од висок државен интерес, истиот ден отворила предистражна постапка и веднаш ги презеле сите неопходни мерки и активности во согласност со своите законски надлежности.

Во рамките на постапката, се додава, до Основниот кривичен суд било доставено барање за издавање наредба за пребарување компјутерски систем со цел утврдување на содржините што евентуално биле неовластено преснимени од информативниот систем во Кабинетот на претседателката. Истовремено, биле издадени и наредби за екстракција на податоци од персонални компјутери и од лаптопи доставени до МВР од Кабинетот на претседателката.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Дојде време економското партнерство со Индија да го достигне квалитетот на политичките односи

Претседателката Сиљановска-Давкова ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ

А1он

Сиљановска-Давкова: Мирот и демократијата се темел на силна Европа и силно НАТО

Горан Наумовски

Проф. Наде Проева, посхумно одликувана со Орден „8 Септември“

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева