ВИДЕО: Камчев понудил над 3 милиони евра за да му го вратат пасошот поради бизнис обврски

Од:

Орце Камчев понудил хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот и бугарскиот пасош кој судот му ги одзеде како мерка на претпазливост. Адвокатот Антонио Апостолски кој е бранител на Орце Камчев вели дека со овие пари, може да се гарантира дека неговиот клиент ќе се јавува во судот и на евентуално судење.

„Мерката за претпазливост која е изречена е неспорна, но за опстојување не мерката, судот му одобри времена патна исправа и тука не стојат наводите дека тој ќе избега ако му се врати пасошот. Ограничувањето на правото на движење е образложено, водејќи се според пресудите од судот во Стразбург. Станува збор за гаранција од три милиони и двеста илјади евра изразени во имот, кој пак, ако се продаде, ќе може да се наплати шетата. Не се знае ни износот на штетата бидејќи нема вештачење, има само тврдење на Обвинителството“, посочи Апостолски.

Адвоктот на Камчев, одговарајќи на прашањето од судечкиот совет „До каде е истрагата“, рече: „До никаде. Во овие година и пол можеа барем вештачење да направат“.

Обвинителот Јован Цветановски од Вишото јавно обвинителоство пак, посочи дека со гаранцијата може Камчев да гарантира присуство, но не и да се надомести штетата доколку тој е недостапен за органите на прогонот.

„Предлагам да се одбијат жалбите на Камчев. Нема прекршување на постапката“, посочи Цветановски.

Апостолски посочи дека судијката Весна Димишкова не смеела да постапува по барањето за гаранцијата која ја понудил Камчев, бидејќи додека одлучувала, било побарано нејзино изземање.

„Барал да му се врати патната исправа која е одземена како мерка на претпазливост бидејќи имал повеќе функции во ‘Орка холдинг’, па требало да патува во странство и да остварува средби. Оставил хипотека во недвижен имот во износ од повеќе од 2.2 милиони евра. Понудената гаранција не е сразмерна со кривичните дела кои му се ставаат на товар. Избегнати биле даночни обврски кон државата од 6 милиони евра, пишува во мислењето на СЈО“, кажа судијата известител Зоран Димитриевски кој ќе одлучува по жалбата на Камчев.

Читајќи ги списите, судијата кажа дека мислењето на Обвинителството било дека Камчев заработил 14 милиони евра со сторување на кривичните дела.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов

Се распродава имотот на Мијалков – јавно наддавање за станови во Охрид, плац на Кожуф, земјиште

А1он

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Запленетите акции на Мијалков на аукција на берза