Камчев: Отворени сме за соработка со СЈО

Од:

„Орка холдинг“, чиј сопственик е Орце Камчев, а за кого СЈО отвори истрага под кодното име „Империја“, извести дека тие се отворени за соработка со СЈО и со сите други институции. Како што дознава „Макфакс“, Орце Камчев е веќе уапсен поради истрагата.

„Би сакал да ја информирам јавноста дека како сопственик на повеќе компании во Македонија, кои вработуваат над 3000 лица, максимално сме отворени и транспарентни за секој инспекциски надзор. Компаниите во кои сум сопственик, под целосна одговорност, изјавувам дека ги почитуваат позитивните законски прописи во Македонија и токму поради тоа верувам дека многу брзо ќе се отстрани секаков сомнеж околу нивното работење. Отворени сме за соработка со СЈО, како и со сите други државни институции во земјава, а пред сè во интерес на одржување на квалитетна бизнис-клима и економските проспиритет во земјава“, вели Орце Камчев.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Се распродава имотот на Мијалков – јавно наддавање за станови во Охрид, плац на Кожуф, земјиште

А1он

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он