Камчев останува во Шутка, притворот му е продолжен

Од:

Судија на претходна постапка од Кривичниот суд му го продолжи притворот на бизнисменот Орце Камчев поради постоење на сомневање дека тој може да избега, за да се спаси од кривичен прогон. Одлуката е донесена откако обвинителката Лиле Стефанова го побара тоа од судот, во петокот.

„Постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Ј.К., донесе решени со кое сеуште постојат околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП и го прифати предлогот на обвинителството со што ја породолжи мерката притвор за 30 дена”, велат од Кривичен суд.

Бизнисменот Орце Камчев, по одредувањето на првиот притвор и спроведувањето во затворот „Скопје“, негираше дека сакал да бега. Тој рече “Ма какво бегање”, одговарајќи на прашањето од „А1он“ дали планирал бегство. Тој 29 дена ги поминува во затвор.

Претходно, адвокатите се жалеа и на условите во кои Камчев е сместен во затворот „Штука“. Ова го негираше директорот на затворот, Филип Андов. Народниот правобранител Насер Зибери констатираше дека Камчев сепак бил сместен во несоодветна просторија со несоодветни услови. Во меѓувреме проблемот е надминат, кажа Зибери за „А1он“, а Камчев бил преместен во друга просторија.

Притворот на Камчев му е одреден за предметот „Плацеви на Водно”.

Би можело да ве интересира

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он

Министерството за финансии на САД го стави Орце Камчев на Црната листа

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов