ЈОРМ: Не е загрозено правото на пензија на осигурениците

Од:

Во рамки на предистражната постапка која се однесува на невршење распределба на осигуреници во вториот столб од пензискиот систем и неисплата на придонеси во приватните пензиски фондови Основното јавно обвинителство зело искази од генералниот директор на Фондот за ПИОМ, претставник на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), претседателот на Управниот одбор на КБ Првото пензиско друштво и претставник на САВА пензиското друштво. Исто така од МТСП биле доставени документи кои се однесуваат на вршењето на надзорот на Министерството врз работата на Фондот за ПИОМ. Како што соопштуваат од ЈОРМ, од досегашните проверки, обвинителството утврдило дека не е загрозено правото на пензија на осигурениците.

– Основното јавно обвинителство Скопје интензивно постапува по кривичната пријава поднесена од Министерството за труд и социјална политика против непознат сторител за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, а која се однесува на невршење распределба на осигуреници во вториот столб од пензискиот систем и неисплата на придонеси во приватните пензиски фондови, се вели во соопштението од Обвинителството.

Во рамки на предистражната постапка од МТСП било побарано и до ОЈО дополнително доставило документи кои се однесуваат на вршењето на надзорот на Министерството врз работата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. До овој момент, до ОЈО не се пристигнати побараните извештаи од Државниот завод за ревизија за извршените ревизии во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во критичниот период.

-Јавниот обвинител ќе одлучи доколку е неопходно да се преземат и други дејствија во текот на предистражната постапка. Од досегашните проверки, обвинителството утврди дека не е загрозено правото на пензија на осигурениците во Република Северна Македонија, се вели во соопштението.

Од обинителството потсетуваат дека на 8 февруари годинава, надлежниот јавен обвинител кој постапува по поднесената кривична пријава, го испита и подносителот на пријавата, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Би можело да ве интересира

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Се создаде атмосфера дека довербата во обвинителите е нереално ниска, вели Јовески во последното обраќање како државен обвинител

А1он

ВИДЕО: Политиката го крои и гостиварското обвинителство, Арслани го делат денови од победа за шефовското место

Кристијан Ландов

Со законот за јавно обвинителство решена судбината на стручните соработници, техничкиот кадар и административците од СЈО

Кристијан Ландов

Жерновски: Законот за ЈО, ветер во грб на патот кон ЕУ

Драган Поповски

Рушити: Верзијата на законот за ЈО се разликува од договорената

Ана Ололовска