Рушити: Верзијата на законот за ЈО се разликува од договорената

Од:

Пратениците на Алијансата за Албанците не можат да го поддржат законот за јавно обвинителство бидејќи пристигнатата верзија во Парламентот се разликува од онаа што тие ја договориле во преговорите со Министерството за правда, изјави денеска пратеникот Сурија Рушити.

– Вистина е дека АА водеше преговори со Министерството за правда и имаше свои забелешки на драфт верзијата, но и голем дел од нив беа прифатени, ама она што стигна во Парламентот драстично се разликува особено во членот 110 каде се предвидува амнестија, а ние никогаш нема да прифатиме закон за јавно обвинителство кој овозможува аменстија, рече Рушити.

Членот 110 од законот се однесува на снимките од СЈО кои можат да бидат користени како индиции, а не и докази во судските постапки.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски

Разрешениот Села го разреши Таравари, сега двајцата се претседатели на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски