Со законот за јавно обвинителство решена судбината на стручните соработници, техничкиот кадар и административците од СЈО

Од:

Стручните соработници на обвинителите, техничкиот кадар и административците од специјалното јавно обвинителство ќе бидат прераспределени во другите јавни обвинителства, се предвидува со предлог-текстот за законот за Јавно обвинителство. Прашањето за нивните работни места беше најпроблематично за овие вработени, бидејќи стравуваа дека со укинувањето на СЈО, тие ќе останат без работа.

Новиот предлог-текст предвидува дека јавниот обвинител ќе ги распредели вработените од Јавното обвинителство кое се укинува во други обвинителства, но со истиот статус на работниот однос.

„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ќе ги распореди вработените од Јавното обвинителство кое се укинува во другите јавни обвинителства на соодветни работни места, со истиот статус на работниот однос. Во случај на укинување на Јавно обвинителство, наредбите за ангажирање истражители во тоа обвинителство престануваат да важат и истражителите се враќаат во институцијата од која се упатени во Јавното обвинителство“, пишува во членот 24.

Од стручната јавност која имаше суштински забелешки на членовите од законот, единствена која се побунила на членот 24, став 3, е професорката Тања Каракамишева.

Претходно, вработените во СЈО испратија писмо до доскорешниот премиер Зоран Заев, претседателот на државата – Стево Пендаровски, министерката за правда – Рената Дескоска и амбасадорите на ЕУ, САД и Холандија во земјава, во кое пишува дека се разочарани затоа што лебди нивниот работен однос додека сè уште е неизвесна судбината на ова обвинителство.

Би можело да ве интересира

СЈО замина во историјата, предметите во рацете на Јавното обвинителство за организиран криминал

Ана Ололовска

Жерновски: Голем ден за правдата, лош за „тефтерчињата” на ВМРО- ДПМНЕ

Ана Ололовска

Почна примената на Законот за ЈО и Законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавните обвинители

Ана Ололовска

Фетаи: Новиот закон за ЈО им дава можност на обвинителите да се справат со криминалот

Ана Ололовска

Жерновски: Законот за ЈО, ветер во грб на патот кон ЕУ

Драган Поповски

Рушити: Верзијата на законот за ЈО се разликува од договорената

Ана Ололовска