Јанушев: СДСМ и ДУИ подготвуваат кражба на локалните избори

Од:

И покрај сите напори, отстапки, и пред се волја од страна на ВМРО-ДПМНЕ да овозможиме да се користат fingerprint уредите за локалните избори и да нема повеќе „брзи прсти“, владината коалиција на СДСМ и ДУИ на секој можен начин ги опструира преговорите и не сака да овозможи имплементација на овие законски обврски кои се на сила повеќе од една година – рече денеска на прес конференција во Собранието пратеникот на ВМРО-ДМПНЕ, Игор Јанушев.

Тој објаснува дека во изминатиот период се воделе интензивни преговори меѓу владеачаката и опозициската партија за да бидат надминати проблемите околу ова прашање.

„Дали намерата на Владата на СДСМ и ДУИ е можноста за семејно гласање и гласање на лица кои не се присутни на избирачките места во Република Македонија да продолжи, дали намерата е повторно да има „брзи прсти“ и „гласање а ла Усеин Болт“? – тоа ќе оставам граѓаните да проценат. ВМРО ДПМНЕ инсистира на доследна примена на Изборниот законик, односно на овој метод и современа пракса токму за да нема веќе брзи прсти како низа изборни циклуси во минатото. Одбивањето да се прифати електронски отисок на прст е зошто власта на Заев спрема кражба на изборите. Целокупната одговорност за тоа што ќе се случува е нивна, а ние нема мирно да седиме како крадат уште едни избори“ – вели Јанушев.

ВМРО-ДПМНЕ упатува апел и до меѓународната заедница да реагира, да не седи со скрстени раце и да изврши притисок до власта за да го почитува она што е напишано во закон.

„Не бараме ниту повеќе, ниту помалку. Само да се испочитува она што е напишано во закон и да се обезбеди електронски отисок на прст за да нема дупли гласања, бугарски возови и кражба на изборите. Има 7 месеци до изборите, и доволно време за да реагира и меѓународната заедница. Одговорноста е и на меѓународниот фактор. Нема да дозволиме најкорумпираната влада во Европа да организира уште едни талибански избори.
Целосната одговорност е на Владата и институциите предводени од коалицијата СДСМ и ДУИ и ваквиот тенденциозен обид за изигрување на законот, освен низ призмата на подготовка на брутална пљачка на локалните избори не може да биде толкувана на ниту еден друг начин“ – рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања