ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара во текот на денешниот ден да биде закажана јавната расправа за Предлог-законот за игри на среќа која, според нив, не се одржува поради СДСМ.

– Повторно СДСМ против СДСМ и нивното бегање од соочување со вистината. Иако бараа јавна расправа за Законот за приредување на игри на среќа, сега сакаат да ја обструираат, не закажувајќи ја јавната расправа. На нивно барање, поддржавме јавна расправа на која експерти од фелата ќе го кажат своето мислење дали се за или против законот, како и нивните ставови во однос на членовите кои што ги содржи тој закон. Во моменти кога сакаме да регулираме цела една индустрија, се јавуваат СДСМ со нивната опструкција и упорно не сакаат да ја закажат јавната расправа, на која што, повторно кажувам, сите засегнати страни ќе можат да го кажат своето мислење. Зошто? Нека кажат самите – изјави пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во Собранието.

Ја повика претседателката на Комисијата да ја закаже јавната расправа за да може потоа од ставовите што ќе произлезат од јавната расправа да се донесат заклучоци кои би се инкорпорирале во законот.

– Ние нема да дозволиме да застане процесот. Доколку не се одржи јавната расправа, на следната наредна седница ќе биде ставен законот, согласно Деловникот, и постапката за неговото донесување ќе биде продолжена – рече Стојаноски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање