СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Од:

Сите знаат зошто ЗНАМ влезе во тендер-коалицијата со организирана криминална група ВМРО. Тоа го знаат и граѓаните. Заради лични и бизнис интереси. Максим Димитриевски прво ја предаде сопствената партија, а потоа и своите гласачи, велат од СДСМ.

– Откако партијата почна да се распаѓа, еден по еден почнаа да ја напуштаат и пратеници и советници. Остана само Максо да го „одработи“ авансот што го доби од Мицкоски. ЗНАМ не е политичка партија. ЗНАМ е сте сателит на ВМРО, здружение создадено и финансирано од страна на Христијан Мицкоски за да му обезбеди разбивање на единствената опозиција, да ги збуни гласачите и во последните две години да плука по опозицијата. Ваша единствена програма е вашиот личен интерес и се вика „џеб“. Сега, кога партијата ви се распаѓа и граѓаните кои ви веруваа се измамени, останува само прашањето: Кога ќе се огласи Обвинителството по пријавата за тендерите во Пошта, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага