ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Од:

Македонија седум квартали по ред бележи економски раст над 3 проценти, политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на финансиска стабилност нови инвестиции и одржлив економски раст. Македонија седум квартали по ред бележи економски раст над 3 проценти, што претставува јасна потврда дека државата се движи во правилна насока. Овие резултати се производ на одговорни политики насочени кон капитални инвестиции, привлекување странски директни инвестиции и силна поддршка на домашната економија. Политиките и мерките кои ги креира Владата на ВМРО-ДПМНЕ создаваат услови за нови работни места, економски развој и повисок животен стандард.

Особено значајно е што Македонија според стапката на раст се наоѓа меѓу водечките европски економии. Во исто време, просечната нето-плата е повисока за 8,2 проценти во однос на минатата година, што значи повеќе средства и подобри услови за живот на граѓаните. Потврда за позитивните економски движења се и 17.000 новоотворени работни места. Ова е доказ дека економијата создава нови можности за вработување и обезбедува перспектива за младите и за сите граѓани кои сакаат да ја градат својата иднина во Македонија. Во областа на јавните финансии се бележат исто така позитивни резултати. Јавниот долг се намалува, буџетските приходи растат, а средствата се насочуваат кон реализација на капитални проекти кои ќе придонесат за долгорочен развој на државата. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на одржување на финансиската стабилност, привлекување нови инвестиции и создавање услови за уште повисоки плати, пензии и подобар животен стандард.
Резултатите се видливи, економијата расте, инвестициите се зголемуваат, се отвораат нови работни места и се создаваат услови за посигурна иднина. Македонија продолжува по патот на развојот и напредокот. Македонија забрзува, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Се зголеми бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Власта со критики до опозицијата: Стравот од изборите стои зад блокадите на Изборниот законик

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Капиталните проекти го менуваат ликот на Македонија