(ВИДЕО) Борозан: Поддршка за ранливите, самохраните родители, лица со попреченост и жртвите на насилство

Од:

Вистина е дека денес најтешко живеат граѓаните на кои државата треба да им биде најголема поддршка. Социјално-ранливите граѓани, самохраните родители, лицата со инвалидетет и со ретки болести, работникот со најниска минимална плата – тие ја водат сами битка за достоинствен живот. Битката за своите деца, за покрив над глава, за сметки, за градинка, за училиште -за гола егзистенција. Вистина е дека самохраните родители се сами во борбата за своите деца и за егзистенција. Лицата со попреченост се соочуваат со бариери што институциите не ги отстрануваат. Болните од ретки болести чекаат лекови што не им се навремено достапни. Жртвите на насилство и лицата со ментални потешкотии се без соодветна заштита и поддршка, изјави Маја Борозан од форумот на жени на СДСМ.

– Работниците создаваат вредност, придонесуваат во економијата, а за возврат добиваат ниски плати со кои не можат да врзат крај со крај во месецот. Вистината е дека власта денес нема ниту слух, ниту волја, ниту чувство за правда за најранливите категории на граѓани. СДСМ во платформата „Твоја држава,твоја шанса“, нуди Сојуз за достоинство – систем на вистинска, сеопфатна и активна поддршка на граѓаните на кои што им е најпотребна. Праведно е државата да застане зад самохраните родители. Предвидуваме државен додаток за домување, целосно покривање на трошоците за градинка и задолжително право на флексибилно работно време.

Праведно трудот на работникот да биде ценет и награден. Затоа нашата мерка е минималната плата автоматски да се усогласува со трошоците за живот, инфлацијата и просечната плата. Ако растат цените, мора да растат и платите. Обезбедуваме навремена достапност на лековите за лицата со ретки болести преку посебен фонд. Здравјето на граѓанинот не смее да зависи од административни процедури или буџетски дупки. Предвидуваме национален план со кој сите јавни објекти ќе станат целосно пристапни за лицата со попреченост. Државата целосно ќе го финансира ангажманот на лични и образовни асистенти, за секое лице со попреченост да добие поддршка што му следува. За жртвите на семејно насилство обезбедуваме итно домување, бесплатна правна помош и посебен пакет за економско осамостојување. Предвидуваме и современи центри за лекување зависности и за ментално здравје. Државата е најсилна тогаш кога најсилно стои зад најранливите. „Твоја држава – твоја шанса“, рече Борозан.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он