Избрана помошничка на Груби за плата од 70.052 денари: Професорка од тетовскиот универзитет ќе го координира проектот на „Бехтел и Енка“

Од:

Професорката од Државниот универзитет во Тетово, д-р Семијал Хасани Зибери е избрана за помошник на Артан Груби, главниот и одговорен координатор на проектот за изградба на коридорите 8 и 10Д кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“, дознава „А1он“.

Таа била најдобриот кандидат на конкурсот кој наместо изведувачот, го распиша Јавното претпријатие за државни патишта, а во кој се бара привремено вработување на работници за изградба на четирите делници од коридорите 8 и 10Д.

Хасани Зибери е градежен инженер која во 2020 година ја одбранила докторска теза со наслов „Сеизмичка повредливост на виталните објекти во полошкиот регион“. Таа била асистент професор и на универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, а од 2008 година до денес е главен инженер во приватна компанија од Тетово.

Таа ќе добива плата од 70.052 денари месечно и ќе работи, според критериумите објавени во огласот, само осум часа дневно во прва смена. Не е познато дали помошничката на Груби ќе има еднаква можност како и работниците, да работи повеќе од осум часа, односно максимални 20 часа неделно прекувремено.

За местото координатор на единицата за подготовка на проектот е избран Рами Јусуфи кој на ова работно место ќе добива нето плата од 60.005 денари.

За специјалисти што треба да прават експропријација на имот за потребите на „Бехтел и Енка“ се нудеше плата од 45.045 денари за 40 часа неделно, а наместо четири кандидати, избрани се само двајца: Ратко Ајцев и Саќим Селими. За други двајца не се врши избор.

Оваа плата од 45.045 денари ќе ја добиваат и по еден преведувач и известувач од проектот. За преведувач е избран Арѓент Мехмеди, додека огласот пропаднал за известувач за проектот.

Наместо двајца администратори и двајца возачи, избран е по еден кандидат: Кристина Дукоска и Милорад Стојкоски. Секој од нив ќе работи за плата од 30.000 денари.

Координаторот пак на единицата за техничка изведба на проектот е м-р Александар Журовски од Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија кој ќе работи на коридорите за плата од 65.029 денари.

Наместо двајца, избран е еден кандидат, Ваљон Тефику за специјалист за подготовка, изработка и следење на проектна документација.

Огласот за петте специјалисти за инвестиции и градба на патишта на кои им се нудеше плата од 55.037 денари пропадна, исто како и огласот за специјалист за урбанистичко планска документација. Пропаднаа и огласите за специјалист за геодетски работи, специјалист за заштита на животна средина (двајца извршители), за специјалист за електроенергетски објекти (тројца извршители), за специјалист за сообраќајна сигнализација. За сите овие позиции беше предвидена плата од 55.037 денари.

ЈПДП го распиша огласот според постоечкиот правилник за систематизација кој вели дека вработените ќе работат само 40 часа неделно што е право загарантирано и со Уставот, додека пратениците од власта изгласаа законски измени за 60-часовна недела за да му се помогне, како што сметаат, на изведувачот да заврши во пократок временски рок.

Би можело да ве интересира

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

Орце Костов

Вработените во Фондот за здравство најавија генерален штрајк ако не добијат по 2392 денари усогласување на плата

Орце Костов

Жители на прилепското село Оревоец на протест поради најавените минирања од компанијата „Бехтел и Енка“

Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција

Захариески од ЗНАМ: На гостиварци им се одземаат имоти за автопатот по непристојни цени

Завршени 89 проценти од експропријацијата за автопатот Гостивар – Тетово, 70 проценти за Битола – Прилеп