Иванов: Решавањето на спорот со името наликува на договор меѓу Заев и Ципрас

Од:

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска по средбата со претседателот Ѓорге Иванов потенцира дека за решавање на спорот за името со Грција е потребно лидерство и највисока одговорност на сите политички фактори.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Иванов денеска го прими Димитров, а на средбата, како што соопшти МНР, станало збор за последните случувања околу преговорите меѓу Македонија и Грција околу името.

– За ова исклучително значајно прашање за разликата околу името, прашање што не влече надолу и ни ја попречува иднината повеќе години, потребно е лидерство и највисока одговорност од сите политички фактори. Доколку најдеме начин да го затвориме овој проблем со зачувување на идентитетот и достоинството, сите заедно, ќе бидеме на правата страна на историјата, нагласил Димитров по середбата.

Димитров информирал за содржината на последните разговори со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

Претходно со соопштение од средбата излезе и Кабинетот на шефот на државата и како што соопшти кабинетот на Иванов, Димитров усно го информирал за последните случувања поврзани со разговорите за прашањето за разликата околу името, без притоа да приложи каков било писмен документ.

-Целиот процес наликува на личен договор меѓу премиерот Заев и премиерот Ципрас, за што нема обезбедено национален консензус во Република Македонија. Мојот став е дека не прифаќам решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес, изјавил македонскиот претседател на средбата.

Иванов потенцирал дека склучување меѓународен договор треба да биде во согласност со Уставот на Република Македонија, а не да предвидува негова измена.

Би можело да ве интересира

Макрон смета дека е најдено компромисно решение, Владата тврди дека добила предлог со идеи од Франција

Орце Костов

Сите бугарски барања се сега дел од преговарачкиот процес, напиша Вархеи на Твитер

Орце Костов

Билатералниот протокол со Македонија не е доволна гаранција за нашите интереси, рече Радев

Орце Костов

„Франција ти благодарам, но не“ – министерот за локална самоуправа, Горан Милевски го одби предлогот на Макрон

Орце Костов

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

(ВИДЕО) Стојменов: Заев стои зад блокадата на градилиштето „Беко“, притисокот беше да го продадам евтино

Маја Илиевска-Пачемска