Иницијативен одбор за вонреден конгрес: На ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидер кој бега од сите круцијални одлуки

Од:

„Се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски не собра храброст да заземе став и избега од референдумот, оставајќи го народот сам да одлучи дали ќе гласа или ќе бојкотира.

Се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски не собра храброст да заземе цврст став за пописот и да ги повика граѓаните да учествуваат или да бојкотираат, оставајќи ги сами да одлучуваат дали ќе ги примат попишувачите во своите домови.

Се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски не собра храброст да излезе на изборите во Штип каде што најавуваше дека се брани Македонија. Избега од изборно соочување и ги остави граѓаните да одлучуваат меѓу кандидатите на СДСМ и помалите политички партии“, велат од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

„На ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидер кој бега од сите круцијални одлуки.

На ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидер кој се плаши да се соочи со своите сопартијци кои го избрале.

Доколку се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски смета дека добро ја извршувал функцијата која му ја делегираа членовите на валандовскиот конгрес, тогаш треба да одвои еден ден и да се соочи со нив.

Доколку Мицкоски смета дека ја има поддршката од мнозинството членови тогаш на 28 март, недела, не треба да оди на Водно, туку треба да се појави пред делегатите кои му ја доверија партијата и да даде отчет за сработеното.

367 делегати кои гласаа за него во Валандово, не очекуваат да бидат јавно навредувани, туку очекуваат Мицкоски да се појави на вонредниот конгрес и да објасни во кој правец се движи партијата.

Вонредниот 17 Конгрес закажан на 28 март во Скопје е добра можност за да се отвори поширока дискусија за проблемите со кои се соочуваше партијата и да се зборува за иднината на ВМРО-ДПМНЕ.

Вонредниот 17 Конгрес закажан на 28 март во Скопје е добра можност за сплотување на партијата и промени кои ќе донесат нова енергија“, се наведува во соопштението на Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски да ја надрасне суетата инаку ќе доживее фијаското на локалните избори, порака од иницијаторите за вонреден Конгрес

Габриела Димковиќ-Мишевска

Иницијатива за Конгрес: Мицкоски е единствениот во ВМРО-ДПМНЕ чии афери се амнестираат од надлежните обвинителства и судови

Катерина Ѓуровски

Иницијативниот одбор го одложи најавениот вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Жарко Настоски

Стамов: Поддршката за смена на Мицкоски од ден во ден се зголемува

Искра Манојлоска

Иницијативен одбор: 17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на обединување и нов почеток

Ана Ололовска

Коневски: Брутални навреди и омаловажувања кон секој што бара смена на Мицкоски

Ана Ололовска