Коневски: Брутални навреди и омаловажувања кон секој што бара смена на Мицкоски

Од:

„Изминативе денови сме соочени со гнасни и мизерни нападни од страна на блиски луѓе на Мицкоски по социјалните мрежи. Тие под негова команда ги омаловажуваат и навредуваат сите делегати кои секој ден сѐ помасовно се приклучуваат кон идејата за Вонреден конгрес и негова смена! Методите на напад се брутални против секој кој бара негова смена!“, вели поранешниот градоначалник на Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски.

„Сѐ посилните навреди и клеветења го покажуваат стравот дека фотељата на Мицкоски секој ден сѐ посилно се тресе! Примитивните напади покажуваат дека дното е допрено, подолу не може да се отиде! Деструкција, навреди, клевети на секој чекор, но издржавме и ќе издржиме! Крајот е близу, а Мицкоски во моментов е давеник кој бара сламка за да се спаси не бирајќи средства и начини да се задржи на позицијата на која е!

Никој и ништо не може да нѐ заплаши! Имаме обврска и одговорност кон членството да ја поправиме грешката која ја направивме кога го гласавме Мицкоски за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ!

Драги делегати, сега е моментот масовно да излеземе и да покажеме дека никакви измислици нема да нѐ сопрат. Знаеме кои сме и што сме!

Конгресот е на прагот! Заедно сме посилни! Време е да се стави крај на сите поделби и ВМРО-ДПМНЕ да се врати на вистинската патека, патеката која носи победи, а не деструкција!“, пишува Ивица Коневски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски да ја надрасне суетата инаку ќе доживее фијаското на локалните избори, порака од иницијаторите за вонреден Конгрес

Габриела Димковиќ-Мишевска

Иницијатива за Конгрес: Мицкоски е единствениот во ВМРО-ДПМНЕ чии афери се амнестираат од надлежните обвинителства и судови

Катерина Павлова-Николовска

Иницијативниот одбор го одложи најавениот вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Жарко Настоски

Стамов: Поддршката за смена на Мицкоски од ден во ден се зголемува

Искра Манојлоска

Иницијативен одбор: 17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на обединување и нов почеток

Ана Ололовска

Иницијативен одбор за вонреден конгрес: На ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидер кој бега од сите круцијални одлуки

Ана Ололовска