Иницијативен одбор: 17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на обединување и нов почеток

Од:

„17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на обединување и нов почеток. 17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на соочување со грешките и пропустите и нивно надминување.

17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на кој ќе донесе нова енергија и верба дека партијата знае и умее да победува.

Нездрава политичка атмосфера е кога сопартијците кои го избрале за прв човек, претседателот ги нарекува „слуги“, а ликови како Сафет Бишевац кои го навредуваа членството на ВМРО-ДПМНЕ дека немало мозок, ги поставува на кандидатски листи за пратеници“, велат од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нездрава политичка атмосфера е кога сопартијците кои го избрале за прв човек, претседателот ги навредува дека некој им бил стопан, а од друга страна за кандидат за Претседател на држава предлага кадри кои биле министри во владите на СДСМ.

Нездрава политичка атмосфера е кога сопартијците кои го избрале за прв човек, претседателот ги нарекува „криминалци“, а ликови како Воислав Зафировски кои немаат ниту „В“ од ВМРО ги фаворизира во партиските структури, иако истите барале максимални казни за осудените од 27 април.

Нездрава политичка атмосфера е кога на сопартијците кои го избрале за прв човек, претседателот им се заканува и ги колне, а од друга страна бара поддршка од антинато структури како Јанко Бачев и Солза Грчева.

Нездравата политичка атмосфера овие три години резултираше со губење на 150 000 гласови и неколку изборни порази во континуитет.

Слабо ВМРО-ДПМНЕ значи и слаба Македонија. Затоа се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски не смее да калкулира.

Треба да дојде и да се појави пред делегатите во Скопје, да даде отчет за сработеното и да ја побара нивната поддршка доколку смета дека ја заслужил.

Личните интереси не смеат да бидат пред државните и партиските. 17 Вонреден Конгрес во Скопје на 28 Март му е неопходен и на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија“, велат од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски да ја надрасне суетата инаку ќе доживее фијаското на локалните избори, порака од иницијаторите за вонреден Конгрес

Габриела Димковиќ-Мишевска

Иницијатива за Конгрес: Мицкоски е единствениот во ВМРО-ДПМНЕ чии афери се амнестираат од надлежните обвинителства и судови

Катерина Павлова-Николовска

Иницијативниот одбор го одложи најавениот вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Жарко Настоски

Стамов: Поддршката за смена на Мицкоски од ден во ден се зголемува

Искра Манојлоска

Иницијативен одбор за вонреден конгрес: На ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидер кој бега од сите круцијални одлуки

Ана Ололовска

Коневски: Брутални навреди и омаловажувања кон секој што бара смена на Мицкоски

Ана Ололовска