Ратификацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија во македонското Собрание е важен чекор во вистинска насока на патот кон ЕУ интеграциите, напиша еврокомесарот Јоханес Хан на неговиот Твитер профил.
Тој додаде дека овој договор е пресвртница во добрососедските односи за целиот регион на Западен Балкан.
The ratification of ?? Parliament of the #friendship #treaty with ?? is an important step into the right direction towards the country’s #EUpath. The treaty is also a #milestone for good neighbourly relations in the entire #WesternBalkans region!
— Johannes Hahn (@JHahnEU) January 15, 2018
Денеска со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ Собранието го ратификува договорот со Бугарија. Воздржан гласаше независниот пратеник Ферид Мухиќ, кој рече дека гласал воздражно бидејќи, според него, Македонија во договорот прави отстапки и дека Договорот, како што рече, не е симетричен во однос на двете држави.
На собраниската седница не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои договорот го оценија како штетен за националните интереси на Македонија.