(ВИДЕО) Хан: Постигнавме многу, но сега важно е да го истрчаме последниот километар

Од:

Постигнавме многу и не сакам да дадеме впечаток дека Брисел не прати што се случува тука. Целта ќе биде постигната кога ќе се отпочне со преговорите. Постигнавме многу, но сега е важно да го истрчаме последниот километар, да се заврши овој маратон. Со задоволство слушам за проектите кои ќе овозможат позитивна препорака. Тоа би сакал да се случи наредната година, рече Еврокомесарот Јоханес Хан по средбата со Премиерот Зоран Заев.

-Во Брисел имавме состанок со министерите за надворешни работи, вашиот министер Димитров заедно со Османи беа таму и можеа да се уверат дека преставництие на нашите членки позитивно гледаат на состојбите, работите одат во позитивна насока но уште треба да се работи, рече Хан.

Тој вели дека од одредени реформи потребни се конкретни резултати до крајот на годината и дека Собранието веќе има агенда во остварување на овие цели, но важно е опозицијата да го одигра својот дел и да учествува во промените.

Хан ги повика опозициските партии да ја одиграат улогата, да бидат конструктивно критични за да се постигнат сите рокови и датуми за кои се договара, како и да се постигне потребниот напредок.

-Гледам дека има промени во земјата, промени кои се неопходни поради сменетата политичка средина, постигнавте голем напредок како земја во развој и Ви благодарам за поддршката во напредокот на земјите од регионот. Ние сметаме на вас, заедно постигнавме многу и докажавме дека се залагаме за европската перспектива на Македонија и не се сомневам дека тоа може да се постигне со оваа динамика. Оваа шанса треба да се искористи и сметам дека граѓаните ќе го добијат она што го заслужуваат, а тоа е јасна европска перспектива, рече Хан.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Бесими-Хан: Направени се суштински реформи во управувањето со јавните финансии во Република Северна Македонија

Хан: Горд сум што придонесов за успехот на Преспанскиот договор

А1он

Хан: Западен Балкан и припаѓа на Европа

Ландов

Хан: Ситуацијата мора да се гледа со голема загриженост поради овластувањата на Орбан

Ана Ололовска

Средби на Димитров со Хан, Дендиас и Бартоло, во фокусот на разговорите нашата европска иднина

Драган Поповски

Хан: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи

Татјана Ташкова