Тука сум и сведочам за оптимизмот за спроведување на реформите на Владата. Сега важно е да се сконцентрираме на задачите кои се пред нас, изјави еврокомесарот Јоханес Хан по средбата со премиерот Зоран Заев.
Хан ги повика сите одговорни актери, меѓу кои Владата, Собранието и судството, да работат на креирање модерно општество кое ќе функционира.
– Реформите не треба да се спроведуваат само за да се задоволат некои европски политичари, туку за да се подобри животот на граѓаните, рече Хан.
Тој ја поздрави подготвеноста на Владата да работи со опозицијата и истакна дека одлуките треба да се носат со консенсуз.
Еврокомесарот Хан најави дека денеска ќе се сретне со лидерите на сите парламентарни партии и се надева дека овој пат, за разлика од минатиот, ќе дојде до дебата за соработка помеѓу партиите за спроведување на реформите.
Виктор Јованов