Хан: Иванов да го даде мандатот, промените се природни во демократските општества

Од:

Откако се собраа потписите ги чекаме следните чекори. Очекуваме претседателот да го даде мандатот за состав на Влада на кандидатот од партиите кој има мнозинство во Собранието, вели еврокомесарот, Јоханес Хан.

„Промените се природни во демократските општества и треба да бидат добредојдени кога се резултат на кредибилни избори. Прифаќање и почитување на резултатите од изборите и правото на лидерите на партиите да се обидат да формираат влада е знак на зрела демократија.

Опструирањето и потценувањето на ваквите напори нема место во еден демократски процес. Затоа очекуваме од сите партии да ги почитуваат демократските принципи и стандарди, да се вклучат конструктивно и да целат кон изнаоѓање на основа за соработка наместо можности да се потценат едни со други. Ваквиот пристап ја одведе земјата во криза. Мора да се избегнуваат од сите без разлика дали се работи за власта или опозицијата. И двете, власта и опозицијата имаат улога и релевантност во функционирањето на една демократија и двете можат да ја обликуваат иднината на земјата.

Заедничката обврска на сите партии земјата да ја движат кон евроатланскиот пат е национална стратешка цел и нуди широка основа за соработка за многу потребните реформи. Ова го бараат граѓаните и го заслужуваат.

Затоа ги повикуваме сите релевантни актери вклучувајќи го претседателот и Собранието целосно да се однесуваат во согласност со Уставот и на одговорен начин со цел да овозможат формирање влада која ќе ги адресира реформите“, вели Хан.

Би можело да ве интересира

Бесими-Хан: Направени се суштински реформи во управувањето со јавните финансии во Република Северна Македонија

Хан: Горд сум што придонесов за успехот на Преспанскиот договор

А1он

Хан: Западен Балкан и припаѓа на Европа

Ландов

Хан: Ситуацијата мора да се гледа со голема загриженост поради овластувањата на Орбан

Ана Ололовска

Средби на Димитров со Хан, Дендиас и Бартоло, во фокусот на разговорите нашата европска иднина

Драган Поповски

Хан: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи

Татјана Ташкова