Пратеникот и претседател на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Груби очекува донесување на законот за јавно обвинителство ако, како што изјави денеска, текстот кој е веќе доставен во Собранието се совпаѓа со вчера усвоениот на Влада.
„Законот за Јавно обвинителство и законот за совет на јавни обвинители пристигнаа во комисијата за европски прашања додека бев на средба со холандските претставници. Треба да го видам предлог текстот, дали е тој што го имаат договорено на владината седница. Откако ќе ги видам дали се усогласени текстовите, ќе кажеме став во однос на законите. Синоќа со коалиционите парнери го усогласивме законот со коалиционите партнери но, не знам дали е истиот“, рече Артан Груби по завршување на средбата со делегацијата на Кралството на Холандија.
Процедурата е со скратена постапка, што значи дека прво ќе оди на пленарна седница да се изгласа потребата од носење на законите, по што ќе има прво и второ читање на комисијата за европски прашања, а процедурата треба да заврши за два дена .
„Што се однесува до комисискиот дел се надевам дека целиот процес ќе го завршиме до среда, за да може да може законот да се усвои во очекуваниот рок и да се распушти Собранието и да се одржат изборите. Од ВМРО-ДПМНЕ очекувам дека ќе го прочитаат законот, кој утрово пристигна во Собранието и ќе биде проследен до сите пратеници. Законот нуди позитивни решенија и се надевам дека ќе се донесе со консензус“, додаде Груби.