Пратеникот од ДУИ, Артан Груби ја поздрави одлуката за оставката на пратеникот Павле Богоевски и изрази жалење за состојбата во која е членот на неговото семејство и посака брзо оздравување. На прашање дали очекува и други пратеници и функционери да поднесат оставка, Груби го повтори ставот за најавениот ветинг и дека очекува ако дел од функционерите не ги поминат филтрите и тие да поднесат оставка.
– Се надевам дека сите ние ќе ги почитуваме сите институции на државата откако ќе поминат низ сите филтри и секако дека ќе бараме оставка од нив доколку згрешиле, рече Груби.