Грција не дава визи дури судот не го смени печатот со „Северна“

Од:

Младиот скопјанец Бојан решил да извади виза за волонтерска програма на една година за соседна Грција. Во потребните документи, поднел и добил од Основниот кривичен суд во Скопје потврда за неосудуваност. Заедно со останатите документи, и потврдата дека не е осудуван ја поднел до грчката амбасада за да аплицира.

Но, амбасадата не му дале виза. Причината за одбивањето била тоа што печатот на потврдата од Основниот кривичен суд во Скопје бил со називот „Република Македонија“. Во документот што Бојан го достави до „А1 он“ се гледа дека во меморандумот пишува Република Северна Македонија, а на печатот од судот пишува Република Македонија.

Во потврдата издадена од скопска единица, пишува и дека Бојан е роден во Република Македонија, а е неосудуван на територијата на Република Северна Македонија.

Тој за „А1 он“ рече дека од грчката амбасада му побарале друга државна институција да потврди дека печатот т.е. потврдата ја издава судот во Република Северна Македонија, а шалтерските службеници во судот не знаеле каде да го упатат.

„Ми рекоа дека некоја институција треба да потврди за потврдата од судот да биде валидна“, раскажа Бојан. „Се обратив и до Министерството за надворешни работи. Од таму ми рекоа дека не можат, зашто тие не се надлежни да постапуваат за работи во државата. Идентичен одговор добив и од Министерството за правда…“, рече Бојан.

Потврдата за неосудуваност издадена од Основниот кривичен суд со стариот печат

Од Кривичниот суд во Скопје за „А1 он“ рекоа дека досега работеле со старите печати, бидејќи не стигнале новите, со новото име на државата. Најавија дека печатите се набавени и очекуваат следната недела да им бидат распределени на шалтерските работници и администрацијата. Уверуваат дека граѓаните кои имаат потреба за документи од судот, тоа ќе го добијат со новото име на државата.

Но, Бојан вели дека овој правен вакуум на приспособување на новото име на државата него го чини одлагање на престојот и евентуално одново дополнителен трошок за ново барање, нов апостил и нов превод на грчки јазик на потврдата, што би изнесува приближно 1000 денари. „А1 он“ дознава дека со сличен проблем се соочиле и други граѓани.

По промената на името со Договорот од Преспа, сите институции добија рокови за спроведување на протоколите за промена на името на државата.

Би можело да ве интересира

Кехаја: Договорот од Преспа предвидува дека името на државата е неотповикливо

Собранието гласаше возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“ да важат до крајот на годината

Предраг Петровиќ

Грчкото МНР ги известува земјите низ светот дека непроменетите македонски пасоши стануваат неважечки

А1он

Да се укине гасот за државите кои забранија прелет на авионот на Лавров

Албанската опозиција: Поволната бизнис клима во Северна Македонија ги привлече албанските инвестиции

А1он

Сасоли: Одам во Албанија за да ја потврдам силната поддршка за започнување разговори за пристап со Албанија и Северна Македонија