Кехаја: Договорот од Преспа предвидува дека името на државата е неотповикливо

Од:

Договорот предвидува дека името на државата е неотповикливо. Од моментот кога уставното име е „Северна Македонија“, што и да кажува госпоѓа Сиљановска дека нејзината земја се вика „Македонија“, нема ништо да постигне во НАТО, во кое влезе како „Северна Македонија“ и нема ништо да постигне на патот за интеграција во ЕУ, истакна портпаролката на СИРИЗА Вула Кехаја во интервјуто за грчкото радио „Talk Radio 989“, јави дописничката на МИА од Атина.

За трите меморандуми кои опозициската партија повторно ги донесе во Парламентот, Кехаја посочи дека ако беа ратификувани, „ќе беше зацврстена преговарачката позиција на Грција во однос на пристапниот процес на Северна Македонија во ЕУ“.

-Еден од протоколите, што се однесува на нејзините односи со ЕУ, ќе ни дадеше можност да им извршиме многу поголем притисок и да влијаеме врз нив, рече портпаролката на СИРИЗА.

Кехаја посочи дека Нова демократија, иако вели дека станува збор за „лош договор“ сепак, во суштина го поддржува, но никогаш нема јавно да го каже тоа.

– Ако сака, Нова демократија може да се повика на член 19, кој вели дека ако едната страна – или дури и двете страни – да не го почитуваат, може да се обратат до Обединетите нации, да бараат посредство од генералниот секретар на ОН и да имаат решавање. Владата не сака да го стори тоа, бидејќи го поддржува и го поздравува Договорот, истакна Кехаја.

Би можело да ве интересира

Таравари: „Северна Македонија нема друга алтернатива освен влез во Европската унија“

Мицотакис: Договорот од Преспа и ерга омнес името Северна Македонија беше основниот предуслов земјата да влезе во НАТО

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Нема да сме подлизурковци и нема како папагал да ја повторувам придавката Северна, а договорот од Преспа ќе го почитувам

Анита Петровска Рајковиќ

Мицотакис: Новиот премиер јасно да изјави дека го почитува Договорот од Преспа, во спротивно може да има „непријатно прво искуство“ на НАТО Самиот

Мицкоски: Мојата татковина е Македонија, целокупната институционална комуникација која е дел од законите и Уставот ќе биде почитувана

Мицкоски: За мене Македонија ќе е секогаш Македонија, а во правните документи се почитува Преспанскиот договор