Албанската опозиција: Поволната бизнис клима во Северна Македонија ги привлече албанските инвестиции

Од:

Поволната бизнис клима која владее во Северна Македонија наспроти „задушувачката клима“ во Албанија се услови албанските бизнисмени своите инвестиции да ги насочат кај нашиот источен сосед.

dobivaj vesti na viber

Ова е ставот на албанската опозиција, што го изнесе поранешната пратеничка и задолжена за економски прашања во Демократската парија, Јорида Табаку, според која албанските бизнисмени надвор од земјата инвестирале 1,3 милијарди евра, речиси сите во Северна Македонија.

„Албанските бизниси имаат инвестирано 1,3 милијарди евра надвор од Албанија, речиси сите отидоа кај нашиот сосед Северна Македонија. Не само што не привлекуваме странски инвестиции, туку не ги убедуваме локалните бизниси да инвестираат во Албанија. Илјадници нови работни места во РСМ од албански деловни инвестиции, додека редовите на невработените во Албанија секојдневно се зголемуваат. Зошто се случува ова? Затоа што премиерот во заминување (Еди Рама) создаде најнеповолна клима за вработување, инвестиции и претприемништво“, напиша Табаку на нејзиниот Фејсбук профил .

Посочува дека наместо да и помогне на економијата, Владата на Рама со корумпирани договори злоупотребила и украдела дури 13 отсто од БДП, приближно колку и изгубените инвестиции во Албанија.

„Овие милијарди евра и илјадници работни места изгубени за Албанците, Северна Македонија ги зеде како резултат на про-бизнис фискалната и економска политика“, напиша Табаку.

Табабу напиша и дека само за 2019 година изгубената вредност била дури 10 отсто од БДП и нагласува дека на вработувањето му се потребни бизниси и инвестиции.

Би можело да ве интересира

Рама за „Де Волкскрант“: Србија не може брзо да се ослободи од руската зависност, а Балканот останува незаштитен синџир

Ана Ололовска

Во Албанија почна да се аплицира и четврта доза од вакцината против Ковид-19

Горан Наумовски

За шест месеци албанската полиција запленила 1,2 тони марихуана, 110 кг кокаин, хероин, уапсени 100 лица

Пукотници на плажа кај Валона, има повредени

По базите Пашалиман и Кучово, Албанија и кај Драч нуди изградба на НАТО база

Ана Ололовска

За поголема безбедност на туристите во Албанија воведени полициски патроли на велосипеди и 29 здравствени центри

Ана Ололовска