Трајче Конески и Моника Антевска од Долно Лисиче заедно со своите две деца, 9-годишниот Бојан и 2 годишната Бојана и понатаму секојдневно водат борба да преживеат.
По сторијата која ја објави „А1он“ освен граѓаните и општината Ѓорче Петров, ниту една од државните институции не се најде да му излезе во пресрет на ова социјално загрозено семејство. Трајче Конески се обратил до општината Аеродром каде и припаѓа населбата Долно Лисиче, но оттаму добил само празни ветувања.
-Неколку пати се обратив во општината Аеродром за помош. Ми велеа дека ќе дојдат да не посетат, но се уште ги нема. Последниот пат кога се јавив ми спуштија слушалка, вели Конески.
Додека од општината Аеродром одбиваат да помогнат, денеска во руинираната куќа на ова семејство се појавија службеници од општината Ѓорче Петров кои во име на општината донираа храна, средства за лична хигиени и останати намирници.
-Хуманоста не познава гранници. Општина Ѓорче Петров се приклучи кон повикот на вашата редакција да му помогнеме на семејствето Анетвски и Коневски од Долно Лисиче. Во рамки на своите можности, локалната самоуправа донираше храна, пијалоци, средства за лична хигена и оддржување. Хуманитарниот пакет се состоеше од мелко, млечни производи , месни производи, основни намирници за исхрана (брашно, шеќер, сол) свежо овошје и зеленчук, конзервирана храна и храна која има подолг рок на траење. Во делот на хигената дониравме средства за одржување на личната хигена како и средства за одржување на кујната и тоалтетот, вели Емилија Блажевска од општината Ѓорче Петров.
На 38-годишниот Трајче пред 6 години му се дијагностицирани дископатија и дискусхернија, но принуден е да работи 14 часа на ден за да донесе парче леб за своето семејство. Конески работи во градежна фирма каде што зема минимална плата од 12 илјади од кои 7 веднаш му ги одземаат извршителите и банките, па така ова четиричлено семејство се бори за живот со 5 илјади денари месечно.
Виктор Јованов