„Гитари, дирки и свирки“ – бесплатно училиште за деца од социјален ризик

Од:

„Гитари Дирки и Свирки“ е првото бесплатно училиште за деца со помалку можности, во кое ќе може да одат на часови по музика, уметности и вештини. Активноста ја реализира здружението „проект среќа“ во рамки на одбележувањето на ноември-месец на детето.

Околу 1 200 дена кои се регистрирани во здружението, а се во која било од категориите социјален ризик можат да се пријават за часови по гитара, клавир, ликовни уметности, запознавање со останатите уметности, како фотографија, филм, театар. Проект среќа планираат наскоро да оформат и свое хорче. Сите деца кои ќе изразат желба за други инстутменти, ќе бидат пратени да ги изучуваат бесплатно, во други приватни училишта, со кои имаат соработка, како Ентерпрајс и Мјузик Хаус.

Приоритет во групите, имаат децата кои се наоѓаат во најтешка форма на социјен ризик и се од семејства си најмали примања.

Просториите се наоѓаат во Центар, зад Универзална сала. Дизајнирани се да бидат интерактивни и интересни за децата. Таму се одржуваат и часови по драма на нивното Детско драмско студио „Неверленд“ кое функционира на истиот принцип како и „Гитари Дирки и Свирки“ односно е бесплатно за сите деца од тие категории и во него членуваат 30-на деца.

Училиштето „Гитари Дирки и Свирки“ е поддржано од повеќе компании: Армор плус, Тиквеш, Еурофарм, Солопром, Авицена и Техносан.

-Нашата мисија е да растеме и да создадеме уште многу социјални услуги, со кои децата со помалку можности ќе стекнат вештини, знаења, ќе ги развијат своите таленти и ќе станат квалитетен и конкурентен дел од општеството. Многу е важно секое дете да има еднаква шанса и еднакви можности, бидејќи со огромен број деца кои живеат во сиромаштија во нашата земја, вакви проекти и услуги се неопходни, како во иднина ова општестви би имало квалитетна генерација која ќе биде градител и носител на општеството, велат од здружението „проект среќа“.

Проектот е финансиран од Европска Унија и кофинансиран од Балканскиот Фонд за демократија.

Би можело да ве интересира

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

Орце Костов

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он

Невладина организација донира храна, облека и сапун во тетовскиот воспитно-поправен дом

Жарко Настоски