Наставниот кадар и учениците на гимназијата „Алгоритам“ донираа медицинска опрема на Клиниката за инфективни болести и Градската општа болница „8 Септември“. Иницијативата потекнала од учениците и професорите кои собрале средства за да се набават маски N95 со високо ниво на заштита, 1000 интравенски канили од типот B. Braun Vasofix Safety IV Catheter со заштитен дел против несакани убоди и магнетни табли за побезбедна комуникација помеѓу докторите и пациентите.
„Сметаме дека во вакви моменти сите мораме да помогнеме колку штоможеме и активно да учествуваме во процесот на враќање на ситуацијата вонормала. Особено сме горди што оваа иницијатива произлезе и се спроведе одучениците“, рече Директорката на училиштето, м-р Марина Божинова.
Од гимназијата велат дека ова не им е прва ваква иницијатива туку дека и претходно организирале акции за помош наразлични групи граѓани.
Гимназијата Алгоритам е формирана 2008 година како прва акредитирана гимназија во нашата земја со дигитализиран наставен материјал со финска методологија.