ГДУ до Дураку: Ако не се занимавате со граѓаните, одете си од функцијата

Од:

„Скандалозно однесување на невидливиот министер Садула Дураку. Министерот за животна средина прв пат и тоа непланирано се појави во јавноста и ни кажа дека не се занимава со граѓаните.

Е па министре Дураку, ако вие не се занимавате со граѓаните, тогаш одете си од функцијата. Зошто уште министерувате, со што досега ја оправдате платата од 72 илјади денари која ја земате и довербата која ви ја дале оние кои ве назначија?

И впрочем ако не ве интересираат граѓаните зошто некој ви доверил таква работа – да бидете министер?

Џабе ви е правдањето, дека не сте се изразиле доволно јасно. Но за едно сте во право , точно е дека Македонија не е Швајцарија.

Најзагадена држава сме во Европа.

Се угушивме, а вас никаде ве нема да кажете што ќе превземете. Си се шетате само по прослави.

Министре Дураку, наместо да трошите време на празни соопштенија дека жалите што не сте се изјасниле доволно јасно, требаше да си ја напишете својата оставка.

Ова е уште еден доказ за сериозни проблеми во кадровските решенија на Владата. И ова е уште една потврда дека козметичките рокади не се доволни!“, се вели во соопштението на ГДУ.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“