Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“

Од:

„Ова повеќе не може и не треба да е вака. Падна од власт „ФАМИЛИЈАТА“ за да дојдат „РЕКЕТАРИТЕ“. Правдата е мисловна именка во нашето општество. Живееме во средина во која криминалот е величина негувана од политичките елити.

Искрено ми е жал за граѓаните на нашата земја. За оние чесни, трудољубиви и искрени земјоделци, лекари, инжинери, работници, занаетчии кои 28 години се мачат со чесен труд, многу жртви и неспиени ноќи да се грижат за сопствените семејства, борејќи се да им овозможат нормален живот на своите деца.“, вели Петар Колев претседателот на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, преку соопштение.

„Размислете длабоко дали ова е тоа што го посакуваме за Македонија. Ако сте задоволни од сето ова, најискрено ве замолувам на следните избори гласајте си пак за ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ.

Крајно време е граѓаните на Македонија да го победат својот стокхолмски синдром и еднаш засекогаш да се изборат за сопствената слобода.

Ова мое обраќање не е кон слепите партиски послушници за кои најважно е партијата да ги смести на државна јасла. Тие секако сами решиле да служат не на својата татковина, туку на криминалната политичка елита од која како благодарност добиле или ќе добијат работно место.

Ова го адресирам до вас кои не сакате да оставиме како наследство на сопствените деца „џелати“ кои и нас нè „џелателе“.“, се наведува во соопштението на Колев.

Би можело да ве интересира

ГДУ: Прво промена на изборниот модел, па избори

ГДУ: Дали Заев навистина им објавува војна на лажните вести или сака да ги поткупи и дисциплинира медиумите?

Татјана Ташкова

ГДУ: Без промена на изборниот модел лидерската средба е беспредметна

ГДУ: Зошто власта со месеци го криеше извештајот од ГРЕКО

ГДУ: Наместо чистка на неспособните во извршната власт, Заев си додели нова функција

ГДУ: Премиере, почнете да барате оставки од оние кои не му служат на народот

Татјана Ташкова