ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Од:

„Изминува и третиот ден откако се појави прилогот во кој се набројани некои од компаниите кои добиле помош од државата за исплата на плата на вработените. Реакциите во јавноста се главно негативни со оглед дека на него се наоѓаат имиња на поранешни владини функционери, казина, коцкарници како и фирми кои и досега користат бенефиции од државата. Можеби и не е за изненадување, но сепак, молкот од Владата и Министерството за финансии, пропратено со ‘предизборни активности’ на членови на владиниот кабинет, остава горчлив впечаток дека приоритетите во моментов не се врзани со последиците од сегашнава состојба“, се вели во соопштението на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

„Граѓанско Демократската Унија пред безмалку два месеци, јавно предложи државната помош за вработените да се насочи дирекно на сметките на вработените, а не на сметките на работодавецот. Бевме свесни, колку и да е добар системот за кој тогаш Владата размислуваше, ќе предизвика реакции во јавноста. Исто така, нема(ше) никаква објективна пречка тоа да не биде реализирано. Впечаток е дека помошта до самовработените и малите правни лица (од 1 до пет вработени) воопшто ја нема, или тешко доаѓа. И да бидеме искрени, дел од компаниите кои се наоѓаат на списокот, почнаа со отпуштања безмалку со почетокот на кризата“, додаваат оттаму.

„Конечно, министерката за финансии на ова нека гледа како на шанса да го поправи впечатокот од нејзината последна прес- конференција и да и ги објасни на јавноста контроверзите кои се појавија. Впрочем, кога веќе дел од нејзините колеги почнаа со кампања, веруваме дека тоа би бил одличен предизборен чекор“, сметаат од ГДУ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски