ГДУ: Прво промена на изборниот модел, па избори

Од:

Неопходна е промена на изборниот модел, а потоа може да се разговара за избори, Граѓанско Демократска Унија (ГДУ).

Од партијата преку соопштение велат дека двете најголеми политички партии СДСМ и ДПМНЕ се пазарат на повеќе теми, при што најважни им се партиските интереси.

„Си договараат закон за Јавно обвинителство и си предлагаат обвинители без око да им трепне, правната фела ја игнорираат, исто како и Советот на обвинители. За пописот исто така најавија дека ќе разговараат, па дури и се согласија да зборуваат за предвремени парламентарни избори. Е арно ама најважното го заборавија. Промена на изборниот модел. Неопходно е да се промени сликата за Собранието и начинот на носењето закони. Собранието не смее да биде гласачка машинерија, а пратениците да му бидат по мерак на лидерот“, велат од ГДУ.

Тие го потсетуваат премиерот Зоран Заев дека во изборната програма од 2016 година СДСМ има запишано оти ќе предложат пратениците да се избираат по принципот на отворени листи, а Македонија да биде една изборна единица.

„Е па, господа од власта сега е шансата да покажете дали ова е искрено ветување или чист популизам. Господа од опозицијата, ова е шанса и за вас доколку навистина се борите против носењето штетни законски решенија кои земјата ја враќаат назад. Прво промена на изборниот модел, па избори“, велат од ГДУ.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“