Гајсер: По случајот „Рекет“, политичката кариера на Заев е завршена

Од:

Ларис Гајсер, соработникот на италинскиот весник „Ла Верита“ кој веќе објави неколку аудио-визуелни материјали поврзани со случајот „Рекет“, гостуваше во  живо во емисија за италијанското радио „Каподистрија“, но овојпат, иако беше најавено, не беа објавени нови материјали за случајот.

Тој во емисијата кажа дека „не спиел од страв дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие“.

„И тоа беше сосема легитимно. Но, сите признаа дека се работи за нив“, рече Гајсер.

На прашањето зошто биле објавени снимките, тој одговори дека се стравувало дека ќе исчезнат доказите, па затоа јавно ги објавиле.

Тој во емисијата искоментирал дека политичката кариера на македонскиот премиер Зоран Заев е готова. Според него, Заев нема меѓународен кредибилитет и во интервјуто навестува дека во земјава ќе има промена на премиер.

Досега, во „Ла верита“ беа објавени три тури на материјали, на кои се слушаа гласовите на бизнисменот Орце Камчев, на Бојан Јовановски – Боки 13 и на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Тој во емисијата рекол и дека во моментов се води пропаганда против „Ла верита“ и се тврди дека се креираат мрачно сценарио за да се стави пречка на Македонија до патот на Европа и северноатланските интеграции. Тој тврди и дека нема никаква поврзаност со Орбан и со Салвини, ниту пак ги познава.

„Јас мислам дека Заев е проблемот, а не е решението. Ова значи дека Македонија во овој момент, од меѓународна гледна точка има премиер кој прави штета на земјата. Тој треба да се смени што е можно побрзо. Имам слушнато сценарио во кое се вели дека јас сум продолжена рака на Орбан и Салвини и дека бараме начини за контрола во Македонија. Ова е чиста измислица! Не вреди ниту да трошам време за да коментирам нешто вакво. Не го познавам ниту Салвини ниту Орбан“, вели тој.

Би можело да ве интересира

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

(ВИДЕО) Се урна зграда од експлозија на плин – има жртви

А1он

Земјотрес посилен од 6 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот брег на Италија

Катерина Ѓуровски

Силен земјотрес го погоди подрачјето на Неапол, училиштата се затворени како мерка на претпазливост

ВИДЕО: Храбри луѓе во Модена го совладаа вооружениот напаѓач по налетот со автомобил

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Автомобил се заби во пешаци во Италија, седуммина се повредени

А1он