Терен за мал фудбал и монтажни трибини се поставени до споменикот „Воин на коњ“, плоштадот Македонија.
На игралиштето, кое е сместено меѓу спомениците на Цар Самоил, Гоце Делчев, Никола Карев и Ченто ќе се одржуваат фудбалски натревари. Од Градот Скопје најавуваат дека наскоро ќе објават за каков турунир се работи.
Спортска манифестација ќе биде помогната од Градот Скопје и Фудбалската федерација на Македонија.