Сопругата на Никола Младенов и директор на „Фокус“, Билјана Младенова на денешниот состанок на вработените им соопштила дека дневниот и неделниот весник ќе паузираат шест недели.
Весникот нема да згасне, туку е неопходно во овој момент да не се прават дополнителни трошоци. Со вработените е спогодбено прекината соработката, а после овој период поединечно со секој ќе бидат повторно склучувани.
Ова е одлуката за иднината на весниците по трагичното загинување на новинарот и основач на „Фокус“, Никола Младенов.
„Фокус“ е во моментов оптоварен со тужби за клевета и навреда со кои од Весникот се бараат 100.000 евра. Досега тужбата со која бараше 25.000 евра ја повлече само Срѓан Керим.