МИМ го објави 16-тиот конкурс за новинарската награда „Никола Младенов“

Од:

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) го објави 16-тиот конкурс за новинарската награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија на годината.

Конкурсот е отворен за сите професионални новинари и редакции кои објавиле свои истражувачки стории во медиумите во Македонија во текот на 2016 година, како и за оние новинари и редакции кои сакаат да пријават истражувачка сторија подготвена и/или објавена од колеги-новинари или од други редакции.

Не постојат ограничувања во однос на бројот на сториите со кои еден новинар или редакција може да учествуваат на конкурсот.

Авторите на најдобрите истражувачки стории ќе добијат парични награди во износ од: 30.000 денари за првонаградената сторија; 20.000 денари за второнаградената и 10.000 денари за третонаградената сторија.

Конкурсот е отворен до 6 февруари 2017 година, а апликациите може да се испраќаат по електронска пошта на [email protected], по пошта на: Македонски институт за медиуми, Јуриј Гагарин 17-1/1, Скопје или лично да се достават во МИМ.

– Апликациите кои што ќе бидат испратени по пошта или доставени во МИМ треба да бидат во пет примерока, што важи и за печатените и за аудиовизуелните материјали (копии на це-де). Во апликациите доставени преку интернет треба да се наведе линк до сторијата, или истата да се прикачи како додаток во е-пошта (ПДФ документ). Критериумите за избор на најдобрите истражувачки стории се достапни веб-страницата на МИМ: http://mim.org.mk/mk/novosti/9-novosti/411-konkurs-za-nagradata-nikola-mladenov, соопшти МИМ.

Наградата за најдобра истражувачка сторија на годината МИМ ја доделува од 2001 година, со цел да го поттикне и поддржи истражувачкото новинарство, кое се смета за врвно новинарско достигнување и значаен елемент во зајакнувањето на демократијата во секое општество.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Извештај за безбедноста на новинарите: Продолжуваат заканите, притисоците и ограничувањата врз медиумските работници

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време

Повеќе новинари беа убиени во 10 недели војна во Газа отколку за една година во сите други земји

Најмалку 48 новинари загинаа во војната меѓу Израел и Хамас