Филипче на состанок со директорите на клиниките, се разгледува отворањето нови ковид-центри

Од:

Министерот за здравство, доц д-р Венко Филипче претпладнево одржа состанок со директорите на сите клиники од клиничкиот комплекс Мајка Тереза во Скопје, на кој беше разгледана моменталната епидемиолошка состојба во однос на бројот на позитивни и болни пацинети, пациенти кои побарале и имале потреба од хоспитализација, наспроти бројот на слободни места и капацитетите на клиниките, како и можноста за отварање на нови ковид центри доколку за тоа има потреба.

– Во моментов освен Клиниката за инфективни болести со модуларната болница во нејзин склоп и Институтот за белодробни заболувања ТБЦ, работат и четири ковид центри на интерните клиники и тоа на Клиниката за дерматовенерологија, Клиниката за неврологија, Клиниката за Нефрологија и Клиниката за гастроентерохепатологија. Деновиве се работи на средување на доводот на гасови на Клиниката за уво нос и грло и на Клиниката за очни болести кои до крај на неделата се планира да почнат да примаат пациенти – рече министерот Филипче.

Тој побара од директорите на хируршките клиники и директорот на Клиниката за кардиологија да достават план за ослободување на дел од капацитетите за ковид пациети доколку за тоа има потреба во престојниот период.

– Засега имаме стабилни бројки и според епидемиолошката слика очекуваме во периодот кој следи да има се повеќе исписи на пациенти и да се намали приливот на нови болни. Сепак, мора да бидеме подготвени за секакво сценарио – рече министерот Филипче на состанокот.

Освен за просторните можности, се разгледуваше и распоредот за ротација на лекари и на друг медицински персонал во ковид центрите каде за тоа има потреба, секако притоа водејќи сметка да не се запре со редовната работа на хируршките клиники.

– Состојбата е сериозна и целиот задравствен персонал вложува надчовечки напор да го одржи системот и да ги згрижи сите пациенти. Ни претстои период во кој треба да останеме смирени и да го дадеме максимумот и како лекари и како институции – истакна министерот на состанокот.

Во наредните неколку дена се очекува да се разгледаат предлозите за отварање на дополнителни капацитети на сите клинки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче побара поддршка за кандидатите на СДСМ: Гласајте за луѓе кои ќе бидат со вас и после изборите!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Ацо Велковски е човек со дела зад себе, победата во Лозово е на дофат

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ со поголема Коалиција изгуби 140.000 гласови и тоа е сериозен политички сигнал

(ВИДЕО) Филипче: Со Христоски ќе продолжи развојот на Крушево, тој е гаранција за општина во служба на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Имаме раст во голем број општини, но и слаби резултати во други, изборите се јасен показател за тоа што треба да се менува

(ВИДЕО) Филипче: Многу е важно избраните градоначалници и советници да добијат легитимитет од голем број граѓани

Горан Наумовски