ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

Од:

Филипче со месеци се обидува да ја изгради својата јавна слика врз европски вредноси, но само кога тие принципи можат да се употребат за да ја критикува сопствената држава.

Тоа најдобро се гледа во неговиот однос кон бугарски провокации и постапки што директно ги засегаат македонските национални интереси.

Филипче доследно молчи на секоја бугарска провокација која ги засега македонскиот идентитет, јазик и историја, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој го премолчи и овој дипломатски скандал Бугарија, со кој беше направен дипломатски преседан каде беа објавени документи со безбедносни информации поврзани со претседателот на Владата.

Филипче беше дел од структурата на СДС која ги распродаде македонските национални интереси, структура која го понижи македонскиот идентитет, го доведе во прашање јазикот и историјата, и потпишуваше бланко листови наместо да ги брани македонските позиции.

Македонскиот народ го памети тоа и неговиот суд го изрече на изборите. Свесен дека во Македонија повеќе нема политичка иднина, Филипче ја пресмета ситуацијата и ја сврте политичката калкулација кон Софија очекувајќи дека добрите односи со бугарските власти ќе му донесат поддршка која не може да ја најде кај сопствениот народ.

Граѓаните очекуваат дека секој што претендира да ја води државата мора да ги брани и државните интереси, а нема да дадат поддршка на Венко Филипче, кој уште веднаш би го продал идентитетот и би ја редефинирал македонската историја, кој ги брани бугарските позиции и работи за туѓи агенди, се за да дојде на власт, наведуваат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ