ВИДЕО: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла, пресметка Мицкоски-Филипче на пратенички прашања

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска разменија остри обвинувања на седницата за пратенички прашања во Собранието.

Одговарајќи на прашањето на Филипче за состојбите во државата и неисполнетите владини ветувања, Мицкоски рече дека причината поради која дел од граѓаните размислуваат да ја напуштат земјата не е недостатокот на перспектива, туку недовербата во правосудниот систем и институциите.

„Луѓето се разочарани затоа што ве гледаат вас во Дубаи како уживате на концерт на Харис Џиновиќ, а не сте во затвор. Гледаат поранешни функционери како уживаат на јахти, наместо да одговараат за своите постапки“, изјави Мицкоски од собраниската говорница.

Тој додаде дека ја презема одговорноста што, како што рече, „две години подоцна поранешни функционери сè уште уживаат на јахти наместо да се соочат со правдата“, ветувајќи дека граѓаните повеќе нема да бидат разочарувани по тоа прашање.

Претходно, Филипче упати сериозни критики кон Владата, оценувајќи дека по две години мандат не е исполнето ниту едно од клучните ветувања дадени пред граѓаните.

„Кога баравте доверба од граѓаните ветувавте повисок животен стандард, економски раст, повисоки плати, повеќе инвестиции, поддршка за земјоделците, правда и европска иднина. Денес реалноста е поинаква – граѓаните не добија подобар живот, ниту функционални институции, ниту европски напредок“, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ оцени дека наместо ветениот напредок, граѓаните се соочуваат со поскап живот, задолжување на државата, партизација на институциите и корупција.

„Две години подоцна билансот е една голема нула – нула реформи, нула за платите, нула за младите, нула за земјоделците и нула за европскиот пат“, изјави Филипче.

Тој го праша премиерот дали ќе признае дека Владата потфрлила во исполнувањето на ветувањата и побара одговорност за, како што рече, „две изгубени години“.

Опсесијата на Мицкоски со поранешни функционери за кои плаќа да ги сликаат голи очигледно е во сферата на невроспихологијата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче во реплика до премеирот Христијан Мицкоски.

„Во однос на последниот дел, оваа ваша опсесија со поранешни функционери коишто плаќате да ги сликаат голи на плажа, ја веќе не можам да ја разберам. Очигледно дека е во сферата на некоја невропсихологија“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нашиот стратешки партнер САД ја намали воената помош за земјата зашто знае каква власт нè води

Мицкоски од Вашингтон: Европската интеграција мора да се темели на реформи и заслуги, Македонија нема да чека- економијата мора да оди напред

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пред Атлантскиот совет: За членство во ЕУ треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Филипче: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

Му пишувал дека е свиња и дека ќе го коле на плоштад, Мицкоски за заканите од 39-годишниот маж

Катерина Ѓуровски