Филипче: Загрозен Вториот пензиски столб – нема пари во буџетот па ќе се трошат заштедите?

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изрази загриженост поради изјавите на премиерот Христијан Мицкоски за Вториот пензиски столб, оценувајќи дека тие предизвикале страв и неизвесност кај граѓаните кои со години издвојуваат средства за својата пензиска иднина.

На денешната прес-конференција, Филипче посочи дека контрадикторните ставови на премиерот отвораат сериозни дилеми за иднината на пензискиот систем и побара Владата јасно да одговори дали Вториот пензиски столб е загрозен и дали поради недостиг на средства во буџетот постои намера да се интервенира во заштедите на граѓаните.

„Многу луѓе се исплашени и загрижени од изјавата на премиерот во која тој рече дека многу луѓе ќе бидат разочарани од тоа што ќе го донесе Вториот пензиски столб. Дури изјави дека му било жал што воопшто бил воведен. Во 2024 година тврдеше дека пензискиот систем е стабилен, а сега вели дека не знае какви ќе бидат резултатите од уплатите во вториот столб“, рече Филипче.

Според него, граѓаните кои уплаќаат средства во капитално финансираното пензиско осигурување имаат право на сигурност и јасни одговори за своите заштеди.

„Се поставува прашањето дали премиерот има намера преку државни механизми да интервенира во средствата што луѓето ги уплаќаат за својата пензија и на тој начин да ги оштети. Луѓето се прашуваат дали воопшто ќе ги добијат назад тие пари и што точно се крие зад ваквите изјави“, истакна лидерот на СДСМ.

Филипче оцени дека наместо сигурност и грижа за пензионерите и идните пензионери, власта испраќа пораки кои ја поткопуваат довербата во системот и создаваат дополнителна несигурност.

„Тоа е уште еден тежок удар врз граѓаните. Се поставува прашањето дали оваа власт навистина се грижи за оваа категорија граѓани и дали ќе си дозволи да им ја одземе надежта за мирни пензионерски години. Лажните ветувања и префрлањето на товарот врз обичниот граѓанин нанесуваат огромна штета врз стотици илјади пензионери“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

Пензискиот систем е стабиелн, нема да има промени, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите