(ВИДЕО) Фетаи: При изборот на обвинители да се вклучи канцеларијата на ЕУ

Од:

Обвинителката Фатиме Фетаи предложи при изворот на обвинители за гонење организиран криминал и корупција да се вклучи и канцеларијата на ЕУ во земјава.

Фетаи вели дека на овој начин би се отсраниле сите сомнежи за кандидатите кои се подложни на политички и други влијанија.

“Ние сме мала земја и може да има влијанија. Како би го тргнале теретот, а изборот да биде без дамки, предлагам во постапката за избор на шеф и обвинители во тоа обвинителство да биде вклучена и канцеларија на ЕУ во Република Северна Македонија преку мониторинг почнувајќи од моментот на интервјуирање до избор на кандидатите и тие да имаат право да дадат мислење за тие кандидати.

Исто како момент би кажала дека и јавноста да биде максимално вклучена, дали преку јавно објавување или на интервјуата да видиме какво претходно искуство имал кандидатот.

Само на тој начин би биле способни да ја тргнеме прашината за изборот на кадрите и изградиме доверба во јавно обвинтелскиот систем “ рече Фетаи.

Таа истакна дека предложеното законско решение не идеално но солидно и дека треба од Основното обвинителсрво за гонење криминал и корупција да се тргне делот “основно” за да може обвинителите своите предмети да ги застапуваат и пред Апелациониот суд.

Би можело да ве интересира

Љупчо Коцевски избран за нов државен обвинител

Се создаде атмосфера дека довербата во обвинителите е нереално ниска, вели Јовески во последното обраќање како државен обвинител

А1он

ВИДЕО: Политиката го крои и гостиварското обвинителство, Арслани го делат денови од победа за шефовското место

Кристијан Ландов

Спогодба со Кичеец, непостапување за 27 април, пучот на Заев – кои се обвинителите кои сакаат да гонат криминал со Русковска

Кристијан Ландов

Маричиќ, Јовески и Здравев ќе ја презентираат методологијата за прочистување на правосудството

Ана Ололовска

СЈО замина во историјата, предметите во рацете на Јавното обвинителство за организиран криминал

Ана Ололовска